skip to Main Content

Телохранителот на Мијалков кој рани едно лице, сам се пријавил во судот во Кочани

Телохранителот на Мијалков кој рани едно лице, сам се пријавил во судот во Кочани
  • 08.04.2019

Поранешниот телохранител на Сашо Мијалков кој пукаше во друго лице во локал во Кочни, сам се пријавил во кочанското обвинителство – дознава 1ТВ. Драганчо Стоименов викан Дацо Белски три месеци беше во бегство. Стоименов стана недостапен за органите на прогонот во јануари годинава, откако по вербална расправија, пукаше и го повреди Драган Здравев во кафе барот „Аква“ во Кочани. Веднаш по инцидентот, Стоименов избега. Од обвинителството потврдуваат дека Стоименов сам се пријавил и дека е завршен распитот пред судија. За него веднаш е определена мерката притвор.

„Наредба за спроведување на истрага за него беше за сторен квалификуван облик на кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Тој има подебело досие: беше сведок и оштетен во случајот „Детонатор“, потоа сведочеше во една престрелка во Скопје пред неколку години. Александар Василевски Нинџа го нападна Стоименов и го рани, но во судскиот процес Нинџа доби минимална затворска казна.

Кристина Атовска

Back To Top