skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Insta Café – рецепт за „коктелот на успехот“

Insta Café – рецепт за „коктелот на успехот“
  • 09.09.2019

Градски фаци, огромен избор на пијалоци, услужливи домаќини….е тоа е рецептот на „коктелот на успехот“. Она што главниот град заслужуваше да го има, конечно го доби. Има едно име – Insta Café.

Пред три дена Скопје на едно место ги собра, градските фраери и фраерки, помалку и повеќе познати ликови, градоначалници, спортисти, бизнисмени…

Поранешна „Ленинова“, сегашна „Аминта 3-ти“ веќе подолго време важи за најфрекфентната улица, каде што може да се напиете кафе, да склучите бизнис зделка, да „оговарате“ и да се договарате, да поминете откачено.

Петочната GRAND OPENING PARTY во Insta Café практично беше најава за се она што ќе може да го доживеете во овој урбан локал – а тоа е пред се добра забава измешана со уникатно кафе, пијалоци од сите видови спремени од коктел мајстори.

Ова место, кое по многу нешта е поразлично од многубројните кафулиња во Скопје и државава, како по неговиот модернистички ентериер така и по неговиот концепт, му го „даде“ на главниот град она што му фалеше – одлична забава за секого.

Новиот објект, уреден по светски стандарди, освен по удобноста и модерниот ентериер е препознатлив и по специјалитети во кои се внимава на детали до последната користена состојка.

Автентичноста, урбаноста и добро препознатливата локација (екс – Бастион) создава симбиоза, единствено препознатлива за вистинските европски кафе бар места – совршено кафе за кафегурманите, свежи цедени сокови, богата гама на квалитетни вина од најпознатите светски региони, пијалоци, врвни коктел мајстори, одлична музика, – сето ова е само дел од она што може да допре дури и до најпребирливите, до оние кои знаат што е најдобро.

Кажи им збогум на безличните кафиња. Со Ripples кафематот уживањето во омилениот пијалок добива нова димензија на задоволство.

Обои го секојдневието со секоја посета во Insta Café.

Познатите градски фаци уште поодамна ја одбраа оваа локација како култно место каде го започнуваа и завршуваа денот.

Сега реновирано, Insta Café е место каде со сите сетила се доживува моментот.

Место во кое можете да гледате, слушате, пробате, да ги допрете нештата.

Места каде се создаваат спомените. Место каде се враќате по нови искуства или да ги споделите старите.

Место на средби. Место кое ги спојува најдоброто од она што Скопје може да го понуди и даде: Урбан момент, забава, муабет, деловни состаноци. Во Insta Café со спојот на различностите се создава најдоброто.

Дефинитивно Insta Café е нешто ново, нешто поинакво, место кое му фалеше на Скопје и Македонија.

Back To Top