skip to Main Content

Авокадото е едно од најдобрите овошја на светот!

Авокадото е едно од најдобрите овошја на светот!
  • 17.04.2018
Овошје? Да, можеби е тешко за верување, но овој вкусен зелен плод не е зеленчук, туку овошје, а заради своите својства и благодати, едно од најдобрите на светот.  

 

Авокадото содржи маснотии, но од оние добрите

Aвокадото има најмногу маснотии од било кое друго овошје, но тоа не треба да ве спречува да го јадете. Тоа е преполно со неверојатно здрави монозаситени маснотии кои се добри за срцето. Овие маснотии овозможуваат намалување на нивото на лошиот холестерол и намалување на ризикот од срцеви болести и мозочен удар. Монозаситените масти обично имаат висок удел на витамин Е, антиоксидативен витамин кој многу често му недостасува на нашиот организам.

Прекарот му е „крокодилска круша“

Заради грубата збрчкана кожа, авокадото наликува на кожа од алигатор, а со обликот потсетува на круша. Освен тоа, кога ќе се пресече наполу, авокадото неверојатно наликува на крокодилско око.

Може да го регулира крвниот притисок
Авокадото е преполно со магнезиум и калиум, а за тие две хранливи материи е познато дека го намалуваат крвниот притисок. Со авокадото во организмот се внесува повеќе магнезиум отколку со други 20 видови овошја, вклучувајќи ги и бананите, кивите и јагодите.

Авокадото е најдобар намаз за леб

Заборавете на путер, мармалад и путер од кикирики – сте чуле ли некогаш за тост од авокадо?
Освен што е вкусен, со овој оброк ќе внесете 20 различни хранливи материи.

Гвакамоле е најздравиот и најубавиот сос 
При правењето на гвакамоле, во смесата додадете поголема количина лимон и сок од лимети ако сакате подолго да ја задржи зелената боја.

Маслото од авокадо навистина постои и прави чуда
Маслото од авокадо е слично на маслиновото. Но кога готвите со него, го штитите телото од срцеви болести, карцином и знаци на стареење.

Авокадото е евтина верзија на ботокс
Авокадото не е само храна, туку е одличен и за убавина. Така, авокадото може да биде одлично за хидратизација на кожата, ги лекува изгорениците од сонце и ги намалува брчките. За намалување на брчките и за хидратација на кожата, помешајте мед, јогурт и авокадо, а потоа смесата нанесете ја на лицето.

Авокадото е одличен извор на влакна
Ако се чувствувате уморно и на телото му се потребни влакна, земете авокадо. Во средно големо авокадо се наоѓаат 10 грама влакна со 75 отсто нетопиви влакна кои го забрзуваат варењето и 25 отсто топиви кои се одговорни за чувството на ситост.

Авокадото му помага на телото да ги апсорбира хранливите материи од другите намирници

Една студија покажала дека во случај на додавање на авокадо во салата, апсорпцијата на бета-каротен од морковите расте за 13,6 пати. Исто така, апсорпцијата на алфа-каротен од салатата се зголемила за 4,3 пати во однос на салатата без авокадо.

Авокадото е одлична замена за путер за поздрави пекарски производи
Ако сакате да се храните поздраво, во повеќето рецепти за пецива путерот можете да го замените со авокадо.

Back To Top