skip to Main Content

6 причини зошто треба да јадете сардини

6 причини зошто треба да јадете сардини
  • 16.04.2018

Една конзерва сардини содржи повеќе од половина од дневната препорачана доза на омега-3 масни киселини.

Конзервираните сардини се едни од ретките намирници кои спаѓаат во “брза храна”, но сепак се суперздрави.

Еве шест причини зошто треба почесто да ги консумирате:

1.Неприкосновен извор на омега-3

Една конзерва сардини содржи повеќе од половина од дневната препорачана доза на омега-3 масни киселини кои се неопходни за одржување на нивото на добриот холестерол, здравјето на срцето, мозокот и хормонскиот баланс.

2.Одличен извор на селен

Селенот и јодот се во синергија, а тие се основниот состав на сардините. Јодот е неопходен за нормалното функционирање на тироидната жлезда.

3.Изобилство од калциум

Сардините (дури и оние конзервираните) се одлични по здравјето бидејќи се едни од ретките животински намирници кои содржат висок процент на калциум, кој е неопходен за коските и кожата. Едно пакување сардини содржи третина од дневната доза на калциум.

4.Висок процент на витамин Д 

Сардините со богати со витамин Д, кој обично е најпотребниот витамин во зимскиот период.

5.Ниско ниво на жива и останати метали

Многумина одбегнуваат да консумираат риба поради контаминацијата на водата со тешки метали. Меѓутоа, сардините се хранат со планктони и се наоѓаат на дното на прехранбениот океански ланец. Тоа значи дека содржат многу помалку жива и други тешки метали за разлика од другите риби.

6.Пријатели на буџетот 

Оваа риба се вбројува во најевтините производи кои можете да ги најдете на рафтовите во супермаркетите.

Back To Top