skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тече рокот за нацрт-амандманите на Уставот, се најавува собраниско тело за помирување
Метју Палмер утре доаѓа во Македонија
За Русија остануваме Република Македонија
Трамп: САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Русија
Саудиска Арабија призна дека Кашоги починал во Истанбул, 18 уапсени
Мексико ги отвори границите за жени и деца од „мигрантскиот карван“
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

50 факти за кои сигурно не сте слушнале! (3)

50 факти за кои сигурно не сте слушнале! (3)
  • 10.08.2018

 

  1. Кога ке се запушат канализациите на Париз, претпоставените ги чистат со тоа што користат огромни железни топки кои ги впуштаат во нив. Ова е истиот метод што го користеле уште пред еден век.
  2. Постои Велигденска традиција во Словачка каде жените се прскани со ладна вода и се камшикувани. Легендата вели дека тоа ќе им донесе здравје и убавина на жените.
  3. Луѓето кои секогаш го даваат своето мислење на теми за кои немаат знаење се нарекуваат ултракрепидарианизми.
  4. Универзитетот „Библиотеката на Викторија“ има црна лабораторија по име „Ехо“ каде студентите можат слободно да одат за да се олеснат од стресот. Тоа е единствена просторија во Канада што ја нуди оваа опција.
  5. Шекил О’нил ја носи титулата за најголеми стапала во НБА. Тој исто така е висок 2.6 метри.
  6. Во 1938 и за време на втората светска војна британски шпиони изнајмиле цел хотел каде што чувале експлозиви наредени по цели катови. Малкумина гости кои можеле да останат немале поим.
  7. Постои електричен сом кои генерира удар од над 400 волти.
  8. Обединетите нации сметаат дека над 790 милиони луѓе во светот или секој еден од девет страда од хроничен глад во 2014 и 2016 година. Чудото е што повеќето од овие луѓе живеат во развиени држави.
  9. Седењето покрај дрвја или во шума е јапонска традиција која го намалува ризикот од срцев удар, и крвен притисок. Исто така намалува лачењето на стрес го крева имунитетот и произведува позитивни чувства.
  10. Црвенилото кое се појавува на местото на зениците кога се сликате со блиц, е предизвикано од светлото на блицот кое се случува премногу брзо па затоа зеницата не се намалува. Светлото влегува во окото преку зеницата и изгледа црвено поради крвта во окото.
  11. Според студија на ДНК спроведена во Германија, фараонот Тутанкамон бил многу слаб и страдал од маларија и болест на коските. Ова сознание дошло од тоа што тој бил производ на инцест.
  12. Во 2007 година Наса купила тоалет од руската вселенска амбасада за неверојатни 19 милиони долари. Причината зошто е толку скапо е поради тоа што ја рециклира урината во вода за пиење.
  13. 24 кат на Емпајер Стејт зградата во Њујорк била преполна со дреболии кои се удобни фотељи кои им овозможуваат на луѓето да дремнат на 20 минути.
  14. Секое око може да издржи само 7 микролитри вода па затоа солзите паѓаат по лицето кога плачете. Освен тоа, исто така затоа и ви тече носот бидејќи течноста од очите се симнува во носот па се затнува.
  15. Соминофобија е страв од заспивање и се поврзува со стравот од непознатото биејќи луѓето кои страдаат од оваа фобија не знаат што може да им се случи.
  16. Научниците дознале дека кога слушаме музика има лачење на хормонот допамин, кој е поврзан со чувството на задоволство. Ова е причината зошто музиката е толку важна за луѓето иако нема некој придонес во преживувањето.
  17. За време на втората светска војна, кога Винстон Чрчил ќе се сретнел со неговиот воен кабинет инсистирал да се користат безвучни машини за куцање бидејќи го мразел звукот.
  18. Во 2016 година компанијата „Читос“ пуштила во продажба парфем со мирис на познатиот чипс за 18 долари. Покрај тоа во продажба бил пуштен и бронзер со познатата портокалова боја на чипсот.
  19. Пред фрижидерите луѓето во Русија и Финска ставале живи кафени жаби за да им го задржат млекото свежо и ладно.
  20. Постои мост во Шкотска каде кучињата мистериозно продолжуваат да си го одзимаат животот со тоа што отскокнуваат од него. Се вели дека околу 600 кучиња годишно скокаат во нивната смрт.
  21. Во Северна Кореја, 100% од граѓаните излегуваат на гласање иако имаат само една опција.
  22. За време на втората светска војна 18% од камикази авионите успешно ја погодиле својата цел. Многу од нив биле погодени уште пред да ги погодат бродовите кои сакале да ги уништат.
  23. Сите мачки, вклучувајќи ги и големите имаат специфичен мирис бидејчи имаат индивидуални мирисни жлезди. Индивидуалниот мирис им помага на мајките и на малите да се пронајдат како и да се распознаваат.
  24. Извичникот станал дел од тастатурата во 1970. Претходно луѓето би ставале точка па би додавале цртичка.
  25. Чарлс Дикенс секогаш носел компас со него за да спие и пишува свртен кон север. Веруввал дека оваа постапка му ја подобрува креативноста.
  26. Биолошкиот татко на Стив Џобс бил сириски имигрант.
  27. Жените имаат два пати повеќе нервни рецептори отколку мажите што им прави да ја чувствуваат болката поинтензивно. Но, имаат и поголема толеранција.
  28. Постоела војна меѓу две заедници на шимпанзо која траела цели 4 години. Мајмуните насилно се напаѓале со овошки и со гранки, се распарчувале па имало дури и киднапирања.
  29. Деноноќието станува се подолго со секоја наредна година. Пред многу години тоа траело само 21.9 часови.
  30. Поголемиот дел од солта се користи за посолување на смрзнатите патишта отколу за конзумирање.
  31. Секој пат кога ќе се сетите на некој настан од минатото вашиот мозок ви го изобличува. Тоа е бидејќи вие всушност се сеќавате на последниот пат кога сте се сетиле.
  32. Во 2012 година, Ребека Спингот успеала да продаде пилешки прст за 8000 долари на „Ибеј“ само затоа што наликувал на Џорџ Вашингтон.
  33. По смртта на Мерилин Монро, нејзиниот сопруг Џо Демаџијо бил толку разочаран што направил приватен погреб, без никој од холивудската елита. Тој носел рози три пати неделно на нејзиниот гроб, никогаш не се преженил и последните зборови му биле: „Конечно ќе ја видам Мерилин“.
  34. Африканскиот сив папагал Никеси има вокабулар од неверојатни 950 зборови што дури ја импресионирал познатата експертка за примати Џејн Гудал. Кога видел слика од неа со нејзиното шимпанзо тој прашал:„Имаш мајмун?“.
  35. Во 2002 непознат хрватски нуркач се загубил во подводна пештера и се збодел со нож во градите за да ја избегне агонијата од давење. Тоа е првиот случај за некој кој извршил самоубиство за време на нуркање.
  36. Постои шума во форма на гитара во Аргентина. 7.000 дрва биле засадени од страна на фармерот Педро Мартин Урета во 1979 во чест на неговата прерано замината сопруга.
  37. Стресот буквално ви го убива мозокот. Ако сте изложени на стрес со месеци може засекогаш да ви уништи многу неврони кои ви онемозвожуваат да учите, контрола на импулсите и носењето на правилни одлуки.
  38. Малечка фока во Сан Диего еднаш влегла во луксузен ресторан и си седнала на маса со поглед кон океанот.
  39. Ако направите 10 чучњеви во Мексико Сити имате бесплатен билет во метрото. Ова е понудата за да се намали дебелината во државата каде 70% од државјаните се со прекумерна тежина.
  40. Поранешниот претседател на Венецуела велел дека Гадафи бил добредојден во државата но Чарли Шин не. Тој рекол:„Мора да се има грааница“.
  41. Кога се снимал филмот „Апокалипса, сега“ продуцентите користеле вистински мртви тела наместо лажни. Се дознало кога мирисот станал толку интензивен што актерите не можеле да го игнорираат.
  42. Денот по самоубиството на Робин Вилијамс, линијата за превенција на самоубиства во САД имала рекорден број на повици.
  43. Ураганите со женски имиња имаат убиено повеќе луѓе отколку оние со машки имиња. Тоа е поради фактот дека луѓето не ги гледаат како ризични ниту пак ги сфаќаат сериозно.
  44. Стаорците се сметаат како деликатес во Тајланд.
  45. Апликацијата на Ким Кардашијан откако била пуштена правела 1 милион долари на минута.
  46. Потребни ви се само 17 мускули да се насмеете а 43 за да се намуртите. Па затоа насмејте се!
  47. Кај некои видови желки температурата одлучува дали желката ке е од женски или од машки род. Ниските температури прават ембрионот да се претвори во машко а високите во женско.
  48. Сите лебеди во Велика Британија се во сопственост на кралицата.
  49. Единственото припитомено животно кое не е спомнато во Библијата е мачката.
  50. Единствениот член на „ZZ TOP“ кој нема брада се презива „Бирд“ (Beard).

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top