skip to Main Content

24 години од атентатот врз претседателот Глигоров

24 години од атентатот врз претседателот Глигоров
  • 03.10.2019

Денес навршуваат 24 години од неуспешниот обид за атентат врз првиот македонски претседател Киро Глигоров.

Глигоров го преживеа атентатот, повреден беше неговиот телохранител Илчо Теовски, но загинаа неговиот возач Александар Спировски, како и пензионерот Ристо Хаџиманов, кој во 9 часот и 50 минути поминувал на улицата „Македонија“ пред хотелот “Бристол” во Скопје.

Во текот на годините постоеја ветувања дека извршителите ќе бидат пронајдени и донесени пред лицето на правдата, но досега ништо не е решено.

Back To Top