skip to Main Content

11.000 евра украдени од автомобил во гаража на „Скопје сити мол“

11.000 евра украдени од автомобил во гаража на „Скопје сити мол“
  • 25.09.2019

Скопјанец пријавил во полиција дека бил ограбен во подземните гаражи на „Скопје сити мол“, односно насила му одзеле ташна со 11.000 евра и други валути.

Според полицискиот билтен, во вторникот, во 15 часот во Полициската станица Карпош, К.К.(30) од Скопје пријавил дека во периодот од 10.20 до 11 часот во подрумските гаражи во Трговскиот центар „Сити Мол“ непознат сторител извршил тешка кражба во неговото возило „фолксваген пасат“.

Според пријавеното, сторителот со употреба на сила му одзел чанта со 11.000 евра и други валути.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Back To Top