skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува комисиската расправа за одземање на имунитетот на Вељаноски
В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите
Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател
Осудените за „Диво насеље“ со отворено писмо до Ахмети, Груевски и Мијалков
Мицкоски: Поддршката за Силјановска Давкова е поддршка за правната држава
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

1ТВ и „Тинекс“ ја продолжија хуманитарната соработка во Струмица, за помош на семејството Стоименови

1ТВ и „Тинекс“ ја продолжија хуманитарната соработка во Струмица, за помош на семејството Стоименови
  • 06.12.2018

Не секој го цени тоа што го има, бидејќи некои навистина немаат. Тоа е случајот на семејството Стоименови кои живеат во Свидовица и немаат основни услови за живот. Иако одгледуваат добиток не е доволно за да успеат да имаат основни материјални добра.

Не секој може да си пружи луксуз. Некои луѓе не се свесни што имаат се додека не се споредат со тоа како живеат некои луѓе. Семејството е навикнато да живее со малку, така да секоја помош е добредојдена. Тимот на 1тв и „Тинекс“ им подарија ваучери и пакети со производи кои им се најнеопходни.

Главата на семејството, како што и самиот кажа, работи било што што ќе му кажат само за да ги прехрани  членовите на неговото семејство. Тие живеат и со родителите, така да малкуте пари што ги зема Зоран од сечење дрва или од било какви обврски низ селото не се доволно да одржат  6 члена вкупно.

Неговата сопруга пак, која ја носи задачата како домаќинка на куќата бара најпотребни производи кога станува збор за домаќинство, најнеопходна им е машина за перење. Тие живеат без струја како и без вода. Изворот на вода им е надвор од куќата а студот само ги заплашува дека ќе смрзне за време на зимата.

Ова семејство знае како е да се нема, а и не можеше да поверува како е да се добие помош. Хуманоста им дојде како изненадување. Тие останаа понизни и покрај секоја помош, не побараа ништо освен подобро утре за нивните деца.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top