skip to Main Content

1ТВ и „Тинекс“ ќе обезбедат намирници и храна за една година за семејството Османи кое живее на шеќер, леб и вода

1ТВ и „Тинекс“ ќе обезбедат намирници и храна за една година за семејството Османи кое живее на шеќер, леб и вода
  • 24.10.2018

По сторијата за семејството Османи, кое ги преживува деновите само на леб, вода и шеќер, 1ТВ се ангажира за помош, во соработка со нашиот комерцијален клиент „Тинекс“, објави сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека на семејството ќе му бидат обезбедени сите потребни услови за пристоен живот, со доделување на месечен ваучер од „Тинекс“ маркетите, односно секој месец во времетраење од една година ќе можат да ги обезбедат сите потребни намирници – храна, хигиенски препарати и се што ќе им биде потребно.

Семејството Османи живее во тешки услови бидејќи таткото Реџеп, иако работи, е болен и не успева секој ден да обезбеди пари за храна, а мајката Фердес е невработена. Тие немаат ниту свој дом за малите Мухамет и Јагмур, туку живеат во социјална барака во лоша состојба.

Четиричленото семејство не добива ниту социјална помош и го крпат месецот со продавање на собрани шишиња и железо. Се надеваме дека донацијата од 1ТВ и „Тинекс“ ќе му го олесни секојдневието на семејството Османи.

Back To Top