skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

1ТВ и Тинекс во хуманитарна акција за помош на самохрана мајка со дете со аутизам

1ТВ и Тинекс во хуманитарна акција за помош на самохрана мајка со дете со аутизам
  • 11.01.2019

Полилингвист, но ниеден јазик не може да ја долови болката на Викторија Китановска, самохрана мајка која го посветува секој свој здив за своите мали момчиња. Образована мајка на две мали дечиња од кои едното дијагностицирано со аутизам. Нејзините две деца, Стефан и Филип на возраст од 15 и 11 години се нејзино сѐ, но и покрај безрезервната љубов, таа  не е доволно да се избори со секојдневната тешкотија со нејзиниот Филип, кој уште од мала возраст бил дијагностициран со аутизам.

Родителите во Штип секојдневно праќаат апел до властите, со цел да се изгради соодветен центар за деца со посебни потреби. Во центарот во градот, според нив има само двајца негуватели. Сите семејства кои екипата на 1ТВ и „Тинекс“ ги посетија се согласија дека им е неопходен центар за деца со посебни потреби, бидјеќи сите овие родители, работат на пола работно време за да можат да им се посветат на нивните деца.

„Тинекс“ им додели вредносни ваучери од 10 илјади денари на семејствата, но сепак штипските жители со деца со попреченост бараат властите да реагираат кај центарот во Штип, за кој велат дека има само двајца негуватели и децата не ја добиваат неопходната помош.

Секоја помош е добредојдена за оваа самохрана мајка, бидејќи таа ќе стори сѐ за да ја постигне целта односно да се покрене свесноста за децата со попреченост.

Ива Трајковска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top