skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО
Кандидатите за технички експерти на интервју во собраниската комисија за надзор на следењето комуникации
Димитров во Грац на дебата за Преспанскиот договор и евроинтергацијата
Павлопулос: Грција ја поддржува европерспективата на Северна Македонија, но потребно е да се исполнат предусловите
Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Џез пејачката Милевска посвети документарец, песна и спот на починатиот брат и лицата со попреченост

Џез пејачката Милевска посвети документарец, песна и спот на починатиот брат и лицата со попреченост
  • 14.03.2019

Битолската џез пејачка Стефанија Милевска сними нова песна „Еј ти, слушај“ (Hey You, Listen) и документарен филм посветени на нејзиниот прерано починат брат, кој беше болен од целебрална парализа, и на сите лица со попреченост. Таа сними и спот за песната, во кој учествуваат лица со различен вид попреченост од Битола, Скопје и Белград, како и танчари, пејачи и изведувачи од Анастасија центар-Битола.

„Моето растење покрај брат со церебрална парализа значеше будење со насмевка и безрезервна љубов. Како личност која има почувствувано на своја кожа што значи да имаш најблизок со некаква попреченост, добив потреба да го споделам тоа со светот. Сметам дека свесноста може да се подигнува само доколку гласно се зборува и јасно се претставува самиот проблем. Како аманет од Игор ми остана да дадам поддршка на сите млади и да ги бодрам во нивната натамошна животна борба. Силно верувам дека љубовта е заразна и дека сите луѓе ќе почнат свесно и без сожалување да ги прифаќаат лицата со попреченост и доколку има потреба, да им помагаат“, вели Стефанија.

Промоцијата на новите песна и спот се закажани за недела во 19 часот во Битола. Воедно ќе се презентира и документарниот филм „Hey You, Listen!/Behind the Scenes“ (Еј ти, слушај/Зад сцената) на тема подигнување на свеста кон лицата со попреченост и развивање на емпатија. Филмот е посветен на најстариот брат на Стефанија, Игор Милевски, кој почина на 38 години.

извор+фото:сдк.мк

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top