skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Јавен повик на општина Кисела Вода за хумана контрола на кучињата бездомници

Јавен повик на општина Кисела Вода за хумана контрола на кучињата бездомници
  • 24.08.2018

Општина Кисела Вода објавува јавен повик до сите заинтересирани граѓански здруженија, активисти и жители за заштита на правата на животните кои се со адреса на седиште и живеалиште на територијата на оваа локална самоуправа.

Се повикуваат сите заинтересирани да учествуваат соодветно на нивните желби и можности во програмата „Хумана контрола на кучињата бездомници“.

Заинтересираните, како што соопшти општина Кисела Вода, треба да достават список на волонтери (таканаречени старатели) кои ќе прифатат без надомест да ги извршуваат следниве обврски: пријавување единки за кастрација/стерилизација, обезбедување помош на стручните служби од ЈП „Комунална хигиена“ за похумано и полесно заловување на бездомните кучиња и други животни, следење на состојбата на кучето за време на престојот во стационарот „Вардариште“, помош при вдомување на единките и постојана комуникација со стационарот „Вардариште“ и пристап до кучињата за кои се одговорни.

Лица за контакт се Горан Петковски, одговорен за координација на активностите на градоначалникот (070/246-176, goran.petkovski@kiselavoda.gov.mk) и Ана Ѓуроска, координатор на иницијатива (078/226-148, ana.gjuroska@kiselavoda.gov.mk).

Back To Top