Шилегов најави трамвај на водород

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на вчерашниот настан по повод 2 години на функцијата, го објасни трамвајот што ќе се гради, а за кој преговорите со Владата за финансирање се во завршна фаза.
-Трамвај со систем на водород кој ќе продуцира електрична енергија која ќе го движи. Единствен продизвод од овој трамвај ќе биде водена пареа, односно нула емисија на штетни гасови. Ќе има 24 метарски возила, на секои 4 минути ќе пристига возило на станица и ќе биде тотално издвоен од останатиот сообраќај, рече Шилегов.
Изградбата на инфраструктурата и набавката на возилата ќе чини околу 100 милиони евра.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.