skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тече рокот за нацрт-амандманите на Уставот, се најавува собраниско тело за помирување
Метју Палмер утре доаѓа во Македонија
За Русија остануваме Република Македонија
Трамп: САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Русија
Саудиска Арабија призна дека Кашоги починал во Истанбул, 18 уапсени
Мексико ги отвори границите за жени и деца од „мигрантскиот карван“
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Чизкејк со јагоди во чаша, за само неколку минути

Чизкејк со јагоди во чаша, за само неколку минути
  • 20.04.2018

Денеска, Ви претставуваме лесен за припремање, но подеднакво вкусен рецепт за чизкејк со јагоди, за кој не Ви се потребни ни миксер ниту рерна.

Потребни состојки:

Основа:

• 50 гр. интегрални бисквити

• 25 гр. путер, омекнат на собна температура

Крем:

• 100 гр. густ јогурт

• 50 гр. свежо крем-сирење

• 75 гр. слатка павлака

• една лажица шеќер во прав

Прелив:

• 250 гр. јагоди

• една лажица шеќер

• една лажица цеден сок од лимон

1.Сомелете ги бисквитите и помешајте ги со растопениот путер. Смесата распоредете ја во 3 чаши за десерт и обликувајте ја со помош на лажица, а потоа ставете ги чашите во фрижидер додека го подготвувате остатокот од колачот.

2. Слатката павлака изматете ја со шеќерот во прав додека не добиете цврста структура, јогуртот измешајте го со свежото крем-сирење и додадете го во слатката павлака. Сите состојки нежно измешајте ги сè додека не се соединат. Кремот додадете го врз подготвената подлога од бисквити и повторно вратете ја во ладилникот на околу еден час.

3. Во меѓувреме, исечкајте ги јагодите на ситни парчиња и префрлете ги во тенџерче, додадете го шеќерот и лимоновиот сок и гответе на ниска температура околу 10 минути со постојано мешање. Смесата оставете ја да се излади, а потоа додадете ја врз вториот слој од крем во чашите.

Вратете ги чашите повторно во ладилникот сѐ додека не ги послужите. Уживајте во лесниот десерт.

 

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top