skip to Main Content

Црвениот крст одбележува 74 години од постоењето

Црвениот крст одбележува 74 години од постоењето
  • 17.03.2019

Црвениот крст на Република Македонија денеска одбележува 74 години од постоењето и 24 години од полноправното членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.

На иницијатива на Клуб 25 – клуб на млади крводарители и мотиватори на Црвен крст на град Скопје, денеска на Денот на формирање на Црвениот крст на РМ и Ден на крводарителство во државава, ќе се одржи јавен настан во Градскиот парк – Скопје.

Во рамки на настанот ќе биде поставен промотивнен штанд со материјали поврзани со крводарителство и историјатот на Црвен крст, а најавено е присуство на волонтерите помеѓу граѓаните кои ќе информираат за крводарувањето и за Црвениот крст.

На настанот, како што најавуваат организаторите, ќе присуствува и медицински персонал од Институтот за Трансфузиона медицина на РМ (ИТМ). Тие ќе одредуваат крвна група на случајните минувачи кои ќе пријдат до штандот. Спроведен ќе биде и мал прашалник поврзан со крводарителство со симбилични награди/мотивација за оние кои ќе бидат најуспешни.

Back To Top