skip to Main Content

Циклонот КАРМЕН го донесе првиот снег на Балканот

Циклонот КАРМЕН го донесе првиот снег на Балканот
  • 03.10.2019

Кармен како што беше и најавено во текот на денешниот ден го донесе првиот снег на планините на балканот.

Најпрвин снег паѓаше на Словенските а попладнево врнежи од снег има и на планините во Босна. Започната е да се формира и тенка снежна покривка.

Токму ова е поради студената експлозија која зафаќа поголем дел од Европслкиот Континент и ќе услови многу ниски температури на воздухот, невообичаени за овој дел од годината и тоа особено на северот и на североистокот од континентот.

Кај нас во текот на претстојната ноќ ќе има локално поинтензивни врнежи од дожд проследени со грмежи како и засилен ветер. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог и тоа над 30 л.м2. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПАД и утре максимумот ќе се искачи во интервалот само од 10 до 19 степени. Има некои услови на највисоките планински врвови и за сосема слабо провејување на снег.

За подетални метео информации следетете го оифицијалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top