skip to Main Content

Хуманитарната акција на 1ТВ и „Тинекс“ продолжува во Струмица, овој пат за помош на Емилија Стојмева

Хуманитарната акција на 1ТВ и „Тинекс“ продолжува во Струмица, овој пат за помош на Емилија Стојмева
  • 13.12.2018

Хуманитарната акција на 1тв и „Тинекс“ продолжува во Струмица, овој пат за помош на Емилија Стојмева. Жена-херој – ова е еден од епитетите кои можат да и се доделат на Емилија Стојмева. Пожртвувана мајка и сопруга, за доброто на нејзините деца.

Некој мисли дека секојдневните минимални проблеми се преголеми за него, но оваа жена не може да ги изброи несреќите кои непрестајно и се нижеле низ годините кои ја преселиле од родната Струмица до Скопје. Кога станувало збор за здравјето, не постоел само еден проблем. Таа неколкупати во Скопје ја оперирала главата поради тумор. Поради операциите таа е неспособна да работи, па така останува да го одгледува домот и нејзините две деца од кое едното е со попреченост. Малечкото девојче, кое не се појави пред камерата на 1тв, е со пречки во развојот и мајката и сопруга мора да се грижи за него.

Таа не заборави да посочи што и помогнало да преиде над лошите моменти во животот а тоа бил нејзиниот сопруг кој постојано работи додека таа се грижи за децата и домаќинството.

Меѓу другото рекоа дека најнеопходна им е финансиска поддршка, бидејќи сопругот со само минимална плата не може да одгледа семејство од 4 члена.

Хуманоста не познава граници, „Тинекс“ и 1тв и прижаа помош на обесхрабрената мајка, на која и беше неопходна помош. Таа доби вредносни ваучери од „Тинекс“  од 7илјади денари кое се само чекор понапред кон помошта што им е најнеопходна од  хуманите граѓани.

Back To Top