skip to Main Content

Хрватска со најмногу туристи по глава на жител во светот

Хрватска со најмногу туристи по глава на жител во светот
  • 25.05.2018

И покрај тоа што Шпанија, Грција, Франција и Тајланд се сметаат за најпопуларни дестинации за летен одмор, помалку изненадувачки се податоците од последните  истражувања, кои ја вбројуваат Хрватска на прво место во светот по најмногу туристи по глава на жители.

Преубавиот, но прескап Исланд, кој бележи неверојатен туристички бум во последните години, каде по глава на жител доагаат по 6 туристи е на второ место, зад Хрватска, која има 14 туристи по глава на жител.

Хрватска, според индексот на австралиската компанија за патувања Интрепид, ја понесе титулата на „најоптоварена“ со туризмот.

Како што пишуваат австралиските и британските медиуми, малата источноевропска држава во 2016 година примила 57,5 милиони туристи, а нејзината популација е само 4,17 милиони луѓе. Тоа значи дека меѓународните посетители ја сочинуваат 1380 отсто од хрватската популација, односно речиси 17 туристи на секој жител.

Британските медиуми истакнуваат дека овој податок тешко дека некого ќе го изненади, заради преубавото јадрнско крајбрежје и природните убавини, а последните години е омилено сврталиште на тврдокорните фанови на „Играта на тронови“.

На Исланд живеат 334.250 жители, а во 2016 година “повлекле“ околу 1,8 милиони туристи.

Трета на скалата е Унгарија, која истата година ја посетиле 52 милиони туристи, кои сочинуваат 538,71 отсто од популацијата, односно 5 посетители по жител.

Во првите десет земји се Франција, Данска, Чешка, Сингапур и Шпанија. На крајот на скалата по непопуларност е Папуа Нова Гвинеја, каде туристите претставуваат само 2,45 отсто од популацијата.

Истражувањето на Интрепид е спроведено во рамките на нивниот прв Индекс на авантуристички аптувања, кој ги истражува навиките на патниците преку туристичките агенции.

Еден од хрватските градови со најголем прилив од туристи е Дубровник.

Back To Top