skip to Main Content

Хотел од мраз во Шведска, искуство за паметење

Хотел од мраз во Шведска, искуство за паметење
  • 05.04.2018

Светски познатиот Хотел од мраз и уметничката изложба направена од мраз и снег постојат од 1989 година, во шведското село Јуккасјарви,200 километри северно од Арктичкиот круг.

Хотелот од мраз 365 ,е нов концеп воведен во 2016 година,од кога хотелот работи со постојана структура во текот на цела година и вклучува луксузни апартмани, секој со привата бања и спа. Во склоп на хотелот се наоѓа големиот мраз бар, кој служи шампањ, и галерија од уметнички дела направени од мраз. Ова мраз искуство може да се посети преку целата година и се одржава со специјална технологија со помош на соларни панели.

Секој апартман е индивидуално тематизиран и рачно изработен од уметници од целиот свет. Поминување на ноќта во Хотелот од мраз 365, е надреално искуство за паметење.

Собата има температура од -5 до -8 степени Целзиусови. Апартманите се опремени со ексклузивни Карпе Дием кревети, кои гарантираат удобност. Креветот е покриен со еленски кожи и над нив се засолнувате во топлинска вреќа за спиење. Собата има врати со брави за ваша приватност.

Сигурно се прашувате колку кошта ова необично искуство,просечната цена за едновечерно преноќување за две лица изнесува околу 150 евра. Соберете храброст и посетете го!

 

Back To Top