skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Заев-Тевдовски: Специјалистите со плата од 90.000 денари, за 300% зголемување на социјалната помош
Мијалков не знае каде е Груевски
Грчките медиуми јавуваат за потерницата по Груевски
Продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април
Нови рочишта за „Титаник 2“, „Титаник 3“ и „Тарифа“
Славчо Попоски: Подгответе се за студен бран и температури до -10°C
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Хоакин Феникс ќе го глуми познатиот негативец Џокер

Хоакин Феникс ќе го глуми познатиот негативец Џокер
  • 11.07.2018

Хоакин Феникс ќе го толкува „Џокер“, познатиот негативец од „Бетмен“ филмовите и стриповите, во филм каде што тој, Џокерот ќе биде главен лик, објави „Холивуд Рипортер“.
Приказната ќе раскажува за почетоците – како Џокерот станал психопат, криминалец и убиец, и веројатно ќе биде заснована на стрипот на Алан Мур и Брајан Боланд – „Убиствената шега“.
Претходно, се шпекулираше дека улогата ќе му припадне на Џеред Лето, кој го глумеше Џокерот во „Одредот на отпишаните“, но веројатно таа можност отпаѓа. Меѓу попoзнатите глумци кои го толкуваа овој лик на психопат, се и Џек Николсон, Сезар Ромеро, Maрк Хамил, а Хит Леџер доби и Оскар посмртно, за улогата во филмскиот хит „Мрачниот витез“ од 2008 година.
Новиот филм е се уште во претпродукција, а премиерата првично е најавена за наредната 2019 година.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top