skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

„Хармонизација на професионалниот и приватниот живот: Подобри работни услови за поквалитетно живеење“

„Хармонизација на професионалниот и приватниот живот: Подобри работни услови за поквалитетно живеење“
  • 27.06.2019

Петтата сесија на Работната група 2 (Социјална политика и вработување – Поглавје 19) од Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) на тема „Хармонизација на професионалниот и приватниот живот: Подобри работни услови за поквалитетно живеење“ ќе се одржи денеска во Штип.

Координаторката на НКЕУ-МК и претседателка на ЕДРМ, Милева Ѓуровска соопштува дека на настанот ќе се дискутира за исклучително значајна тема, која ги поврзува условите за работа со квалитетот на живеење на вработените. Преку дискусијата ќе се настојува да се утврдат факторите од работната средина, но и други фактори од опкружувањето, кои влијаат на усогласување на работата со семејните обврски.

Преку видео обраќање, во дискусијата ќе учествува и словачкиот професор по социологија и социјална статистика од Универзитетот „Јон Амос Коменски“ од Братислава, Даниел Гербери, а на крајот на дебатата се очекува да бидат усвоени и препораки за Поглавјето 19.

Back To Top