skip to Main Content

(Фото) Граѓанинот Зоран Заев меѓу патниците на летот Виена – Скопје

(Фото) Граѓанинот Зоран Заев меѓу патниците на летот Виена – Скопје
  • 16.06.2019

Претседателот на Владата, Зоран Заев вчера во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На средбата, уште еднаш беше потврдена заложбата Република Северна Македонија годинава да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија. Но она што веќе е извесно на внатрешен и надворешно политички план, а тоа е заложбата за што е можно побрзо интегрирање на државава во евро-атлнатските структури, практично се рефлектира и на приватен план.

Непосредноста, едноставноста, пристапноста и искреноста како предуслов за да се доближат идејите до обичниот човек се одлика на, во случајов – граѓанинот Зоран Заев.

Имено, премиерот, ненаметливо (што не беше случај досега со останатите негови претходници) е фотографиран во економската класа како полетува од Виена за Скопје.

Фотографиите говорат сами за себе:

 

 

Back To Top