(ФОТО) Тешка сообраќајка на скопската обиколница – повредени жена и две деца

Тешка соообраќајна несреќа се случи пред половина час на скопската обиколница. Возило излетало и се превртило на кров, најверојатно поради преголема брзина.
Повредени се жена и две деца.
Од МВР потврдуваат дека возилото „форд ка“ со скопски регистарски ознаки се превртело.
Мајката и двете деца се пренесени во градската општа болницата „8 Стептември“, каде им се констатирани телесни повреди. Од болницата велат дека сите се во добра состојба.
Гледач на 1ТВ ги испрати фотографиите до нашата редакција.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.