skip to Main Content

Фатена проблематичната мачка на аеродромот во Њујорк

Фатена проблематичната мачка на аеродромот во Њујорк
  • 29.04.2018

Мачката  којашто избегала од својот сопственик  на  20 април пред да се качат на авион на њујоршкиот аеродром „Кенеди“ е фатена со помош на трик, по повеќе од една недела потрага по неа.

Мачката, со име Пепер, е намамена од нејзиното скривалиште во саботата, објави денес АП.

Вчера, пак, службеникот кој ја водел потерата за мачката побарал помош од пријател на нејзиниот сопственик, кој Пепер ја нарекувал со своето име на мандарински јазик и ја намамил со храна, по што тие заедно ја фатиле.

Пепер пред десет дена се прикрала додека нејзиниот сопственик се подготвувал да се качи со неа во авион за Кина. Сопственикот на проблематичната мачка морал да оди во Кина, каде што добил работа, па морал да отпатува без неговиот миленик бидејќи исчезнал без трага на аеродромот.

Сепак, мачката неколку пати е видена на места кои биле забранети за јавноста во аеродромскиот комплекс, но никако не можеле да ја фатат.

Пријател на сопственикот ќе ја преземе мачката и ќе биде вратена дома.

Back To Top