skip to Main Content

Уште денеска влијание на РОБЕРТ – потоа неколку денови со МНОГУ СОНЦЕ и ТОПЛИНА преку ден

Уште денеска влијание на РОБЕРТ – потоа неколку денови со МНОГУ СОНЦЕ и ТОПЛИНА преку ден
  • 26.09.2019

Под периферно влијание на циклонот РОБЕРТ уште денес ќе имаме променливо време со повремени врнежи од дожд од локален карактер. Не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Веќе од утре под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ ќе имаме многу постабилно и посончево време а за време на викендот температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и иситите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Истите ќе бидат над просекот за крајот на месец септември. Сепак наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени додека во Беровскиот регион истата се очекува да се спушти и до околу 5 степени а ќе има услови по одделни котлини и за сосдавање на услови за појава на утринска магла.

Од сега гледано нова значителна промена на времето и нов циклонски систем треба да очекуваме некаде околу средината на следната недела.

За подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top