skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Уред за мониторирање пациенти, медицински аспиратор и прочистувач на воздух доби Хематологија

Уред за мониторирање пациенти, медицински аспиратор и прочистувач на воздух доби Хематологија
  • 10.01.2019

Универзитетската клиника за хематологија доби уред за мониторирање пациенти, стерилизатори, медицински аспиратор и медицински прочистувач на воздух. Средствата во висина од 463.000 денари за набавката на апаратите биле собрани од продажбата на 32 уметнички дела на новогодишната хуманитарна аукција, што ја организирал Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Директорката на Клиниката, Ирина Пановска Ставридис на денешното промовирање на медицинските апарати изјави дека тие им недостигале, а особено оние кои се поставени во Одделот за трансплантација на матични хематопоетски клетки.

Посочи дека со уредот за мониторирање пациенти се следат виталните функции на трансплантираните пациенти, медицински стерилизатори и прочистувачи на воздух со посебно антибактерицидно дејство ќе бидат сместени во реверзната изолација, делот каде се сместени пациентите пред трансплантацијата, а мобилниот аспиратор има огромна важност, бидејќи кај тешко болните може да се прави аспирација на лице место и да не се бара помош од КАРИЛ.

– Ќе се изработи и посебен систем на видео надзор со кој трансплантираните пациенти ќе можат  24 часа да бидат набљудувани од дежурните сестри, рече Пановска Ставридис и се заблагодари за собраните средства од аукцијата на која, како што потенцира, учествувал и премиерот и неговото семејство.

Таа додаде дека повеќе општествено одговорни компании помогнале Клиниката, во која со години не било инвестирано, да се реновира.

Back To Top