skip to Main Content

Убиство во Белград: Кик-боксер ја прободел мајка си во гради, па и го пресекол вратот

Убиство во Белград: Кик-боксер ја прободел мајка си во гради, па и го пресекол вратот
  • 02.10.2019

Минатата ноќ во белградската населба Калуѓерица се случило страотно убиство. Имено 20-годишниот Павле Т. ја заклал својата 56-годишна мајка Татјана. Тој несреќната жена повеќе пати ја прободел во градите, а потоа и го пресекол вратот.

За кратко време на местото на убиството пристигнала Итната медицинска помош и лекарите се обиделе да ја реанимираат настраданата жена. За жал и немало спас, па само можеле да констатираат смрт.

По убиството момчето избегало од местото на злочинот, но по само 10 минути полицијата го пронашла и го уапсила.

Исто така полицијата го пронашла и ножот со кој Павле ја убил Татјана.

По апсењето убиецот зборувал неповрзано за злочинот и мотивите, а по налог на Обвинителството му е одредена мерка притвор.

Back To Top