skip to Main Content

Уапсен жител на Подградец кој киднапирал Македонец поради долг

Уапсен жител на Подградец кој киднапирал Македонец поради долг
  • 26.04.2019

Полицијата во албанскиот град Подградец уапси 47-годишен маж откако киднапирал македонски државјанин поради долг.

Според полициското соопштение, припадниците на Одделот за криминал при полициската станица во Подградец, А.Т. е уапсен поради постоење основи на сомнение дека го киднапирал македонскиот државјанин Д.С.

Македонецот бил киднапиран поради фанански долг што го имал кон пријател на А.Т. кој пак гарантирал дека „ќе ја заврши работата“.

Случајот е предаден на понатамошна надлежност на Обвинтелството за тешки кривични дела во Тирана.

Не се наведува од каде е македонскиот државјанин и колкав износ на пари долгувал.

Back To Top