skip to Main Content

Туристичка дестинација на денот: Чинкве Teре, Италија

Туристичка дестинација на денот: Чинкве Teре, Италија
  • 04.04.2018

Чинкве Тере, што во превод значи “пет земји” е сировиот дел од брегот на Италијанската ривиера. Се наоѓа во регионот на Лигурија во Италија, западно од градот Ла Специја, и се состои од пет села: Монтеросо ал Маре, Вернаца, Корнилија, Манарола и Риомаџоре. Петте села и околните падини се дел од националниот парк Чинкве Тере кој претставува светско културно наследство и е заштитен од УНЕСКО.

Векови наназад жителите на оваа област граделе тераси и куќички на стрмните карпи со поглед кон морето.Денеска, токму овие градби се виновни за многубројните волшебни пејсажи насликани од оваа област. Можеби и најшармантната област во Италија,Чинкве Тере е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.

Вашите автомобили оставете ги на страна и уживајте во раскошот движејки се со возови и чамци кои ги поврзуваат селата. 

Површина: 40 км2

Население: 4.ooo 

Погоден период за посета: Пролет

Активности:

1.Крстарење со брод низ 5те села

2.Традиционална прошетка со воз

3.Посета на националниот парк Чинкве Тере

4.Посета на црквата Сан Франческо

5.Пробајте традиционална кујна: италијанската пица Маргарита е секогаш добра идеа!

Back To Top