skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Радев: Ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно
Лидерската средба неизвесна
Апостолакис за МИА: И двете страни да ги извлечат позитивните работи од Договорот од Преспа
Скопје и Сеул воспоставија дипломатски односи
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Три лица приведени откако во возило „Цитроен“ се пронајдени 30 килограми марихуана

Три лица приведени откако во возило „Цитроен“ се пронајдени 30 килограми марихуана
  • 08.02.2019

Три јутени вреќи со околу 30 килограми марихуана се пронајдени и одземени вчера во патничко моторно возило „Цитроен“, со скопски регистарски ознаки на регионалниот пат Дебар – Маврово, а приведени се три лица.

МВР денеска соопшти дека синоќа околу 20,00 часот, на регионалниот пат Дебар – Маврово, во близина на Мелнички мост, сопрено е патничко моторно возило „Цитроен“, со скопски регистарски ознаки управувано од Ќ.М.(63) од скопско Арачиново. При преглед на возилото, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.

– Ќ.М.  е приведен, а по дополнително преземени мерки, на граничниот премин „Блато“, во близина на Дебар, приведени се и албанските државјани Д.Ц.(41) и А.М.(45). По наредба на надлежен Јавен обвинител, приведените лица се задржани во полициската станица во Дебар за натамошна постапка, се појасува во соопштението.

Back To Top