skip to Main Content

Трагедија во струмичко: Во сообраќајка загина деветнаесетгодишна девојка

Трагедија во струмичко: Во сообраќајка загина деветнаесетгодишна девојка
  • 13.10.2019

Во сообраќаjната несреќа што се случи во 04:05 часот на патот Струмица-Радовиш во близина на село Радичево, загина 19-годишната С.Т. од Струмица, а возачот Ф.Д. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Во несреќата учествувале автомобил „Фолксваген шаран’’ со бугарски национални ознаки, управувано од Ф.Д.(31) од Струмица и товарно моторно возило „ДАФ’’ со радовишки регистарски ознаки управувано од С.Т. (44) од Радовиш.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

фото:архива

Back To Top