skip to Main Content

Тешко повреден пешак, 12 сообраќајки вчера во Скопје

Тешко повреден пешак, 12 сообраќајки вчера во Скопје
  • 21.08.2018

Пешак е тешко повреден, а 16 лица се здобиле со полесни повреди во 12 сообраќајки регистрирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.

Од сообраќајната полиција информиораат дека се санакционирани 33 возачи за пречекорување на брзината, а исто толку се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол, пред да се стекнат со право на возење и возачи почетници. Исклучени од сообраќај биле и девет возила кои биле нерегистрирани и технички неисправни.

За непрописно паркирање се изречени мерки за 61 возило, а „пајакот“ подигнал 57 возила.

Преземени се мерки и за двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и на црвено светло и за четворица возачи за поминување крстосница на црвено светло. Девет возачи се санкционирани за недавање првенство на минување на пешаци и неправилно престројување и престигнување.

Полицијата регистрирала и четири случаи на некористење заштитен шлем  од страна на возачи на мопед и мотоцикл.

Back To Top