skip to Main Content

Тешка сообраќајка синоќа во Скопје – едно лице тешко повредено

Тешка сообраќајка синоќа во Скопје – едно лице тешко повредено
  • 28.09.2019

На 27.09.2019 во 20,00 часот било пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Л.(57) од Скопје, и моторцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.П.(35) од Скопје.

Во несреќата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Back To Top