skip to Main Content

Температури дури за десет степени повисоки од нормалните – следуваат неколку вистински ЛЕТНИ ДЕНОВИ

Температури дури за десет степени повисоки од нормалните – следуваат неколку вистински ЛЕТНИ ДЕНОВИ
  • 27.09.2019

Под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југ во текот на следните денови температурите ќе бележат тенденција на позначителен пораст и тоа особено оние максималните дневни.

Во најтоплите предели од државава истите се очекува да се искачат дури и над 30 степени. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево а сето ова ќе биде проследено и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Како што напоменавме големата разлика на минималните и на максималните дневни температури на воздухот понатаму значително негативно ќе влијаат врз метеопатите.

За подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top