skip to Main Content

Тема во Студио 1: Митот за електричните автомобили помеѓу исплатливоста и загадувањето

Тема во Студио 1: Митот за електричните автомобили помеѓу исплатливоста и загадувањето
  • 18.03.2019

Гостин во Отвореното Студио 1 беше Мишко Барзов, експерт за автомобилизам, кој со домаќинот Сашо Орадановски зборуваше на тема: Митот за електричните автомобили помеѓу исплатливоста и загадувањето.

Како помина на Женевскиот саем на автомобили?

„Женева не е еден од најголемите, туку највлијателен саем на светот, бидејќи Швајцарија е неутрален терен. Женева по 89 пат ги отвори своите врати за посетителите и од вкупно 150 светски премиери, 30 отсто беа на електричните возила. Само за споредба, на првото издание во 1905 година, 30 отсто беа исто така електрични возила“, рече Барзов.

Иднината на автомобилизмот е во електричните автомобили. Но тоа не е лесно остварлива иднина. До каде сме ние со оваа технологија?

„Тоа се амбивалентни ситуации. Од една страна како нормативи се наметнуваат производителите да остварат што повеќе електрични возила. Од друга страна, автомобилската индустрија се судрува со проблеми за изработка на тие батерии. Технологијата на изработка е извонредно скапа и поминува низ еден лош еколошки процес. Загадувањата се страшни. Литиумот го има само во одредени држави во помали концентрации и за сега има предвидувања дека има доволно за околу 20 милиони возила. Во светот денеска има околу 5,2 милијарди возила. Интенцијата е да се направат електрични возила и целиот транспорт да се префрли на струја што е апсолутно невозможно“, кажа Барзов, кој понатаму во разговорот говореше за продажбата за електричните возила, влијание на политичките елити врз граѓаните, еколошката свет, рециклирање на батериите, како и за технолошко напредните компании и колку Македонија е во тек со овој светски тренд.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top