skip to Main Content

Таткото ги оставил децата во автомобилот за да оди на забава

Таткото ги оставил децата во автомобилот за да оди на забава
  • 29.08.2019

Трагедија била спречена во Аеродром кога биле пронајдени две заборавени и дехидрирани дечиња, брат и сестра на возраст од 7 и 4 години, заклучени во возило на булеварот Видео Смилевски-Бато.

Според неофицијални информации таткото ги оставил децата во автомобилот и заминал на прослава во црква за празникот Успение Богородица. Децата по кратко време се разбудиле во возилото во кое биле оставени сосема сами и заклучени и плачеле додека не дехидрирале. За среќа, ги забележале други дечиња од населбата кои ги повикале своите родители на помош.

Мајката била повикана и била присутна со двете деца додека траеле прегледите во Детската клиника.

Back To Top