skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бутарис: Заслужуваат пофалба обидите на двете земји за изнаоѓање решение за името
Обвинителството ги доби наодите од обдукцијата на пејачот Влатко Илиевски
Димитров од Приштина: Ајде да најдеме решение, за работата да не отиде во лош правец
Некои општини би презеле споменици од „Скопје 2014“, проблем е што се незаконски поставени
Сеад Кочан за „Труст“ доби затвор 6 години и забрана за вршење професија 3 години
BMJ Media Group ви најавува: Концерт на Марија Шерифовиќ на 3-ти август во Охрид!
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ ЌЕ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; NEOTEL

Таксистите протестираат за старата постојка на Битпазар

Таксистите протестираат за старата постојка на Битпазар
  • 11.07.2018

Таксисти од неколку компании веќе неколку часа ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“ со барање да им се врати старата локација на станицата на Битпазар.

Од Град Скопје соопштија дека градот направил напор и го решил големиот проблем на таксистите кои беа сместени на такси постојка која, како што велат, ниту ним, ниту пак на корисниците на услугите не им овозможуваше услови за нормално одвивање на работата.

-Град Скопје преуреди еден дел покрај пазарот, со што се прошири просторот на такси постојката и се овозможи технички подобри услови за работа на таксистите. Град Скопје нема добиено барање за враќање на постојката на старото место, и нема намера да ја врати назад, сеистакнуваат од Град Скопје.

Според нив, понуденото и изведено решение преставува максимално квалитетно регулирање на постојката,  во согласност со потребите на корисниците на услугите, стопанствениците, таксистите, како и во согласност со сообраќајните и урбанистички решенија на просторот.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top