skip to Main Content

СПРЕМАЈТЕ ТОПЛА ОБЛЕКА: Нова ЕКСПЛОЗИЈА од ГОЛЕМ студ носи СНЕГ во Европа – ќе ја почувствуваме и ние

СПРЕМАЈТЕ ТОПЛА ОБЛЕКА: Нова ЕКСПЛОЗИЈА од ГОЛЕМ студ носи СНЕГ во Европа – ќе ја почувствуваме и ние
  • 06.10.2019

Североисточна и источна Европа почнувајќи уште од оваа вечер и ноќ ќе биде под влијание на многу студена експлозија која е со потекло од Арктикот и истата ќе услови температури пониски од нормалните дури за околу 15 степени.

Се очекува и снег а првите снежни врнежи со овој бран на студ се можни и во главниот град на прекрасната Русија, Москва каде температурата е само 2 степени и врне дожд.

Овој бран ќе го почувствуваме многу позначително и ние по падот на температурите а исто така самиот почеток на новата недела ни носи нови повремени врнежи од дожд и тоа особено во јужната половина од државава. Не се исклучува можноста поради студениот бран да се создадат услови и за провејување на снег на највисоките планински места во државава.

Максималните температури на воздухот ќе бележат тенденција на позначителен пад и истите на почетокот од новата недела се очекува да се искачуваат во интервал од 8 до 17 степени а исто така ниски ќе бидат и температурите во текот на ноќта и наутро и истите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11 степени.

Токму поради ваквата настаната ситуација на граѓаните ги советуваме доколку излегуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да си понесат и потопла облека поради тоа што ветерот кој на повеќе места ќе започне да дува од североисточен правец ќе ги прави температурите како да се пониски од реално измерените.

За нови и подетални метео инфромации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top