skip to Main Content

Спектакуларен хотел под вода на Малдивите

Спектакуларен хотел под вода на Малдивите
  • 06.04.2018

Спиењето под вода помеѓу живиот воден свет, е нешто за кое секој од нас би можел само да сонува. Но за некои среќни туристи, со „подлабоки џебови“, овој сон може да стане реалност.

Хотелот Конрад, кој се наоѓа на островот Рангали на Малдивите, пред околу 10тина години го отвори првиот ресторан под вода. Денес на нивните гости им ја нуди можноста, не само да ручаат гледајќи во морското совршенство, туку и да заспиваат заедно со распливаните рипчиња. Апартманите кои се наоѓаат на 5 метри под нивото на Индискиот океан, со погледот кон живописниот корален гребен низ чистиот таван од плексиглас, просто го одземаат здивот. А колку кошта ова воодушевувачко искуство? Просечната цена за едновечерно преноќување во подводниот апартман, за две лица изнесува околу 500 евра.

Ресторанот пак, покрај тоа што нуди неверојатна глетка која никогаш нема да исчезне од вашите спомени, располага со богато мени од малдивската кујна.

Остатокот од одморалиштето кој е над океанското ниво, исто така е волшебен. Овој хотел лоциран на Малдивите може да се пофали со 50 луксузни вили во вода, 79 вили на плажа и 2о спа-вили под вода. Воодушевувачките апартмани за летување, се опколени со огромната рајска градина а, терасата покрај океанот, уште повеќе го зачинува тропскиот „шмек“, со стаклени врати кои се замена за ѕидови и генијалното уредување кое обезбедува тотална изолација од остатокот од светот.

Епа, доколку навистина постои Рај, тогаш дефинитивно би изгледал вака.

 

 

Back To Top