skip to Main Content

Совет како да ги оставите цигарите од најпризнатиот психолог во светот

Совет како да ги оставите цигарите од најпризнатиот психолог во светот
  • 29.09.2019

Михаил Литвак е доктор, психотерапевт и еден од најпризнатите психолози во светот. Тој, исто така е првиот човек кој го разви системот наречен „Психолошко аикидо“ и прв кој го употребил. Според д-р Литвак, важно е да се разбира и околината и себе.

Решението за да се остават цигарите лежи во нас, смета рускиот психолог.

Сите сме свесни од опасноста која никотинот ја предизвикува. Непоправливите штети по нашето здравје. Оваа лоша навика го уништува кардиоваскуларниот систем и влијае на нивото на крвниот притисок. Крвните садови кај пушачите најчесто се затворени, што доведува до срцев удар и други болести. Респираторниот систем го памети секој дим кој е вдишан. Тој ви враќа со постојано кашлање кое прераснува во хроничен бронхит, ларингит и на крај во рак.

Лицата кој што се пушачи често пати имаат проблем како што е појава на чир и гастритис. Не ретко се случува жените пушачи да имаат проблем како циста на јајниците, а кај мажите да се појави проблем со простата.

Пушењето може да се изедначи со зависност.

Според Михаил Литвак, познат руски психолог, луѓето кои ја имаат оваа зависност се оние кои не ги развиле своите својствени способности и не ја нашле својата омилена работа.

Таквите луѓе може дури и да бидат успешни, но не и во полето за кое сонувале да бидат. Тие сфаќаат дека не го постигнале она што можеле, се чувствуваат фрустрирани и вознемирени. Исто така, пушачите се луѓе кои не се за заљубиле и не добиле доволно среќа.

„За да престанете со пушењето треба да бидете среќни“- смета Литвак.

„Но, само мал број луѓе ќе ги остават цигари и ќе започнат да работат на личната среќа. Сите други ќе се обидат да го решат проблемот со цигара во забите. Кога ќе видат што е проблемот, ќе биде доцна”.

 

Back To Top