Славчо Попоски: Уживајте во сонцето уште денес – од утре постепена промена на времето

До крајот на денов ќе се задржи и понатаму стабилно, суво и сончево време иако ќе има мала до умерена локална облачност. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 што значи и понатаму истата ќе биде над повеќе годишниот просек, односно ќе биде потопло од вообичаеното.
Веќе во текот на утрешниот ден облачноста постепено ќе се зголемува а ќе започне да дува и северен ветер кој повремено на некои места ќе засилува на интензите и тоа особено на север и тоа во четврток. Од четврток ќе има и повремени врнежи од дожд претежно од локален карактер и истите локално ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ и во источните и југоисточните предели локално се очекува да наврнат над 15 л/м2 воден талог а во јужните локално околу 10 л/м2 воден талог.
Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на позначителен пад од четврток и веќе во четврток ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени и во петок од 10 до 17 степени.
Поради падот на температурите на воздухот и продорот на постуден воздух од север на високите планини ќе има услови и за локално провејување на снег.
За подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.