skip to Main Content

Славчо Попоски со ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА за ЗИМА 2019/2020

Славчо Попоски со ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА за ЗИМА 2019/2020
  • 18.10.2019

Со оглед на тоа дека десетиот месец од годината полека поминува а за дестина дена навлегуваме во месец ноември а времето е невообичаено топло за овој дел од годината со температури кој се повисоки од нормалните дури за околу десет степени, така ќе продолжи и во следните денови.

Сепак во меѓувреме пристигна и деталната метео анализа за зима 2019/2020. Според направените моментални анализи зимата 2019/2020 во нашиот дел од Европскиот Континент ќе биде во границите на просекот со просечни или типични температури на воздухот за тој дел од годината со сосема мали позитивни отстапувања од повеќе годишниот просек во поглед на температурите на воздухот.

Со ова има можност повремено и за спуштање на ЕКСТРЕМНО СТУДЕНИ воздушни воздушни маси од Арктикот кој би ги спуштиле температурите на воздухот и под -20 степени што е сосема нормална појава за нашиот дел од европа во текот на зимскиот период.

Во поглед пак на врнежите во сите зисмки месеци истите би биле малку под просекот или би имале нешто помалку врнежи но сепак снегот нема да изостане.

Повремено со спуштање на студените воздушни маси од Арктикот и северот и од североистокот од европа и истите судирајќи се со топлите морски воздушни струења над нашите краишта би дошло до формирање на циклонски системи кој условуваат врнежи од снег и снежна бајка во зимскиот период.

За нови и подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top