skip to Main Content

Славчо Попоски со ВРЕМЕНСКА НАЈАВА: Од петок ЦЕЛОСНА ПРОМЕНА на времето

Славчо Попоски со ВРЕМЕНСКА НАЈАВА: Од петок ЦЕЛОСНА ПРОМЕНА на времето
  • 25.09.2019

Како што веќе најавивме уште денес и утре нашата територија ќе биде под влијание на циклонот РОБЕРТ. Денес ќе има услови за слаб локален дожд претежно во попладневните часови а утре повторно локално се очекува нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилноста, не се исклучува можноста и за сосема ретка појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Веќе од петок па за време на викендот но и на почетокот од следната недела под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ ќе имаме стабилно, суво и сончево време со сосема мала локална облачност. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Наутро ќе биде СВЕЖО со минимални утрински температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени.

Исто така во утринските часови ќе има услови и за појава на магла по одделни котлини.

За подетални метео информации посетете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top