skip to Main Content

Славчо Попоски со временска најава за ОКТОМВРИ: Очекувајте го ПРВИОТ СНЕГ на планините

Славчо Попоски со временска најава за ОКТОМВРИ: Очекувајте го ПРВИОТ СНЕГ на планините
  • 26.09.2019

Според најновите анализи кој ние ги направивме со најпрецизните метеоролошки модели истите укажуваат на тоа дека во текот на новиот месец кој што ни доаѓа може да го очекуваме и првиот снег во Македонија за оваа сезона и тоа на планинските и повисоките места.

Температурите нормално како што повеќе навлегуваме во есента истите се повеќе ќе бележат тенденција на опаѓање. Неофицијално на видик значително постуден воздушен бран од север во склоп со формирање на циклонски систем би условил врнежи од дожд и снег на планините и тоа некаде околу 4, 5 октомври.

Доколку работите не се изменат овој циклон ќе донесе доста ниски температури на воздухот како и снег на планините ширув регионот но и во Македонија. Условите за ова да се оствари се некаде 60% што како што кажавме и напоменуваме е сеуште неофицијално.

Работата будно ќе се следи и понатаму па така граѓаните ќе бидат навремено информирани за секоја ново настаната состојба или евентуална измена во прогнозата.

За подетални метео информации посетете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top