skip to Main Content

Славчо Попоски со ВОНРЕДНО МЕТЕО и Биометео: Доаѓа незгодно изразено јужно и југозападно воздушно струење

Славчо Попоски со ВОНРЕДНО МЕТЕО и Биометео: Доаѓа незгодно изразено јужно и југозападно воздушно струење
  • 31.10.2019

Славчо Попоски со ВОНРЕДНО МЕТЕО и Биометео: Доаѓа незгодно изразено јужно и југозападно воздушно струење

И понатаму во нашата држава ќе има повремени локални послаби врнежи од дожд .

Веќе од недела па натака нашата територија ќе подпадне под влијание на незгодно јужно и југозападно воздушно струење кое особено кај метеопатите ќе создаде можност за позначителни здравствени проблеми па токму поради ова на истите ги советуваме во случајност на појава на поголеми здравствени проблеми да се јават кај својот лекар за совет. Со ова ќе започне да дува и јужен ветер кој полека ќе ЗАСИЛУВА на интензитет а температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на пораст и повторно ќе се искачат до оние вредности кој се над просекот за овој дел од годината.

Според моменталните анализи направени со помош на најпрецизните метеоролошки модели нов но поголем бран на врнежи ќе имаме особено во понеделник кога ќе има услови и за локален развој на нестабилност проследена со грмежи. Токму ова ќе биде поради влијание на нов но ПОИЗРАЗЕН циклон кој ќе го зафати и поголемиот дел од регионот и ќе донесе услови за ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ. Детална анализа околу ова наскоро.

За подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top