skip to Main Content

СЛАВЧО ПОПОСКИ СО ВОНРЕДНО БИОМЕТЕО: ФРОНТОТ ОД СЕВЕР ЌЕ ДОНЕСЕ БРЗА И ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО

СЛАВЧО ПОПОСКИ СО ВОНРЕДНО БИОМЕТЕО: ФРОНТОТ ОД СЕВЕР ЌЕ ДОНЕСЕ БРЗА И ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО
  • 16.09.2019

Промената која што веќе ја најавивме и ќе се случи уште во среда доцна навечер и во текот на ноќта кон четврток, а особено во четврток, ќе услови ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД на температурите на воздухот (за околу десет степени, понекаде и за повеќе).

Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер, кој ќе биде и со засилен интензитет, особено долж Повардарието. Исто така, особено во четврток, ќе имаме зголемена облачност која ќе биде проследена со повремени врнежи од дожд и тоа особено од пладневните часови па натаму, од локален карактер и нешто ПОИНТЕНЗИВНИ. Има услови и за локална појава на грмежи како и со засилување на ветерот.

Нестабилноста е повеќе веројатна на запад и на југ од државава.

Најтопло ќе биде утре и во среда кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, а во четврток максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Понатамошен пад на температурите на воздухот ќе има во петок, кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Особено студено ќе биде во сабота, кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 11 степени во најтоплите предели од државава.

Поради ваквата ситуација и поради разведрувањето, во сабота наутро не се исклучува можноста за појава на слана или слаб мраз на некои места и тоа особено во Малешевијата, па така за секој случај земјоделците да си ги заштитат своите земјоделски култури.

ВНИМАНИЕ: Поради релативно брзата, но и голема промена на времето, биометеото понатаму ќе биде неповолно, особено кај метеопатите се можни значителни здравствени проблеми.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top