Славчо Попоски со викенд анализа на времето – следува нова промена

За време на овој викенд нашата територија ќе биде под влијание на воздушното струење од југ и од југозапад кое е веќе најавено и кое релативно значително неповолно ќе влијае особено врз метеопатите, температурите на воздухот пак ќе бележат тенденција на пораст а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец и тоа особено во недела.
Времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди а локално ќе има и позначителна облачностм и тоа особено во недела попладне и навечер кога особено најпрвин на запад се очекуваат повремени врнежи од дожд од локален карактер.
Максималните дневни температури на воздухот за време на овој викенд ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 во сабота и од 12 до 19 во недела.
Нов поголем бран на врнежи и тоа под влијание на нов циклон ќе имаме во понеделник. Детална анализа околу ова понатаму.
Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.