skip to Main Content

Славчо Попоски: СНЕГОТ ПРИСТИГНА насекаде во регионот – детали дали да го очекуваме кај нас

Славчо Попоски: СНЕГОТ ПРИСТИГНА насекаде во регионот – детали дали да го очекуваме кај нас
  • 04.10.2019

Циклонот КАРМЕН го донесе првиот снег речиси насекаде во регионот. Снег падна на планините во Хрватска, Босна и Црна Гора а температурите се спуштија под нулата. Под влијание на релативно свежа воздушна маса ќе останеме и за време на овој викенд иако максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на пораст но сепак доста постудено ќе биде наутро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 11 степени во најтоплите предели од државава.

Времето овој викенд ќе биде претежно стабилно иако сабота не се исклучува можноста да донесе сосема слаб и локален дожд и тоа поради локално зголемената облачност која ќе ја има. Ќе дува умерен на некои места и тоа особено на запад повремено засилен ветер од западен правец додека во недела ќе го промени правецот во северен и особено ќе биде изразен Долж Повардарието и на север од државава.

Максималните дневни температури пак на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен додека во недела малку повисоки ќе бидат на југоистокот и истите ќе се искачат до околу 23 степени.

Нови локални врнежи од дожд и нов пад на температурите на воздухот ќе има на самиот почеток од следната недела кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

На високите планини не се исклучува можноста и за слабо провејување на снег.

За подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top