Славчо Попоски: Следува ПОГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето – доаѓа Луцијан!

Под влијание на топлата, стабилна и сува воздушна маса ќе останеме уште во следните два дена односно до вторник. Веќе од среда облачноста ќе се зголемува а ќе започне да дува и северен ветер кој ќе услови позначителен пад на температурите на воздухот и тоа под влијание на циклонот кој што веќе го најавивме, ЛУЦИЈАН.
Особено во четврток ќе има и повремени врнежи од дожд додека максималните дневни температури на воздухот веќе од четврток ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 17 степени а во четврток ќе биде сообено посвежо со максимална дневна температура која ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
На повисаоките планински места во државава поради заладувањењто и продорот на постуден воздух од север ќе има улови и за провејување на снег. И најновите излези на прогностичките модели укажуваат на тоа дека почетокот на ноември ќе има ублажување на сушата и почести врнежи.
За нови и подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.