skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Славчо Попоски: Следуваат уште топли летни денови, денес и утре зголемен индексот за НЕСТАБИЛНОСТ

Славчо Попоски: Следуваат уште топли летни денови, денес и утре зголемен индексот за НЕСТАБИЛНОСТ
  • 10.09.2019

Прогнозите за летните денови, како што кажавме, но и најавивме уште во август за овој месец дека ќе продолжи летото, се остваруваат.

Летните топли денови ќе продолжат се до крајот на оваа недела а по се изгледа ќе се задржат некаде до средината од следната недела.

Денес и утре се очекува локален и тоа особено изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за локална појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од променлив правец.

Услови за краткотрајна нестабилност ќе има и во четврток додека од петок па за време на викендот ќе имаме претежно стабилно и сончево време со сосема мала локална облачност, особено во петок ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец.

Претежно стабилното и пријатно летно време ќе се задржи и во првиот дел од следната недела што значи и понатаму можете да ги користите ваквите денови за освежување во реките и езерата низ државава поради тоа што секако нема уште премногу долго да траат.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top